Акција на СВР Скопје за заштита од пожари

Од:

Полицијата денеска ги запираше возилата на потегот кон националниот парк „Јасен“, но не ги легитимираше возачите, туку им доделуваше флаери. Акцијата е дел од проектот „Лето без пожари“ чија цел е заштита и зачувување на шумските и зелените површни од пожари.

– Граѓаните да не фрлаат отпушоци додека се движат кон излетничките места, да не палат оган и скара на отворено особено во овој период од годината, порачуваат надлежните.

Според нив, несовесноста и невниманието се најчестите причини за појава на пожари. Но, секоја година се намалува ризикот зашто луѓето стануваат се посвесни. Внимаваат при престојот во прирорда, особено при палењето огнови и фрлањето на отпушоците.

Предвидено е во иднина да се формираат повеќе волонтерски противпожарни друштва во месните заедници.

Минатата година големи пожари ги зафатија Катланово и Јасен, а во Струмица огнот однесе и човечки животи.

Проектот „Лето без пожари“ почна кај клучката кон селото Света Петка во општина Сопиште, а го реализира СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Активни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани

ЦУК: Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Два големи пожари во Русија

Горан Наумовски

ЦУК: Активен е еден пожар кај месноста „Мала Река“ во општина Студеничани

ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено