Акција на студентите од УКИМ за помош на Србија, БиХ и Хрвaтска

Од:

 Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со  студентските парламенти  на сите факултети на УКИМ денеска и утре на две локации ќе  организира хуманитарна акција за помош на луѓето од поплавените подрачја во Србија, Босна и Хрватска.

– Првата локација е во паркот на Технолошкиот кампус во периодот од 12 до 16 часот, а втората локација е на кампусот на факултетите по медицина, во зградата на Сојузот на студенти по медицина и во зградата на институтите, од 8 до 14 часот, соопшти Студентскиот парламент на УКИМ.

Во организирањето на акцијата ќе бидат вклучени голем број студенти од Скопскиот универзитет. Работите што ќе бидат собрани организирано ќе бидат испратени во најкризните подрачја.

СПУКМ апелира да се донираат храна (конзервирана храна, млеко во прав или пастеризирано), вода во шишиња, ќебиња и гардероба, хигиенски средства и храна и пелени за бебиња.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година