Акција на „Надеж“ за помош на жртвите на семејно насилство

Од:

По повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, 25 ноември, членки на кризниот центар „Надеж“ денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје организираа герила – акција на која околу два часа држеа транспаренти со испишани статистики и пораки за семејното насилство.

Кризниот центар „Надеж“ е организација која функционира 16 години и има отворено СОС – линија и нуди правни совети, психолошка помош и сместување во првите денови откако жените – жртви го напуштиле домот каде биле малтретирани.

Предвидено е следната година да бидат организирани 12 работилници во Скопје, Куманово, Струмица, Кичево и Струга на кои претставници од различни невладини организации и активисти ќе можат да се информираат и да стекнат соодветни вештини врзани со третманот на жртвите како и информации за самиот проблем – појаснуваат од „Надеж“. Посебен дел од работилниците ќе биде наменет за жртвите на семејно насилство на кои им треба психо-социјална рехабилитација, охрабрување и едукација.

Серијата на работилници кои ќе ги реализира кризниот центар „Надеж“ почнува во февруари во Скопје.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Електронски алки и можност полицијата веднаш да го отстрани насилникот, предвидува новиот закон

Катерина Ѓуровски

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, лишени од слобода и приведени 14 лица

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец