Aкција на администрацијата на ЈП „Комунална хигиена“ за почисто Скопје

Од:

По повод Глобалниот ден на чистотата, администрацијата на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје ќе организира акција за чистење на централното градско подрачје. Акцијата ќе се одвива утре под мотото „Одговорноста е наша, заедно за почисто Скопје“, а почетокот е закажан во 10 часот на Градскиот плоштад.

– На овој начин сакаме да покажеме дека чистотата и хигиената на Скопје не зависат само од екипите на ЈП „Комунална хигиена“ кои еднаш во текот на денот ги празнат садовите за отпад и ги метат и мијат јавните површини. Сите граѓани на главниот град со своето совесно однесување и со својот третман на сопствениот отпад придонесуваат за заштитата на нашата животна околина, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

Преку оваа акција, како што рече, сакаме уште еднаш да апелираме до граѓаните својот комунален отпад да го ставаат само во кантите и контејнерите, а кабастиот во центрите за селекција на отпадот, да вршат примарна селекција на отпадот и да не создаваат диви депонии.

Од „Комунална хигиена“ ги повикуваат сите граѓани и институции да учествуваат во акцијата.

Би можело да ве интересира

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом