Акција „Македонија без отпад“

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ Грин од Скопје и Градот Скопје организираат акција Македонија без отпад 2018 година која ќе почне денеска. Стартот ќе биде означен во општина Кисела Вода од страна на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Активностите за собирање на отпадоците ќе се одвиваат на две локации, на трим патеката покрај пругите во Кисела Вода, како и под мостот на бул. „Србија“.

Со поддршка од Министерството за образование и наука и Општина Кисела Вода дел од глобалната/национална акција за чистење на отпадоците ќе бидат учениците и наставниците од сите основни училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа.

Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден за чистење ги повика граѓаните да мапираат локации на кои има нелегални диви депонии на отпад, како би помогнале за поголема успешност на претстојната акција за чистење.с

Би можело да ве интересира

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Гори отпад од стари автомобили во Куманово

А1он

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто