Акции за чистење отпад во Гевгелија и Богданци

Од:

Административците од локалната самоуправа и учениците од основните и средните училишта од општините Гевгелија и Богданци денеска се вклучија во националната акција „Македонија без отпад“ со реализација на еколошки акции во своите средини.

Општинарите од Гевгелија, помогнати од граѓани кои доброволно се вклучија во акцијата утрово учествуваа во чистењето на излетничкото место Динќут, а учениците од гевгелиската гимназија темелно го исчистија училишниот двор и на местото на оштетените, засадија нови дрвца.

Учениците од основните училишта во Гевгелија, Негорци и Миравци во акцијата се вклучија со чистење на училишните дворови помогнати од своите родители, а само за учениците од прво до петто одделение од основното училиште „Владо Канатарџиев“ од Гевгелија беше организирана едукативна презентација за значењето на еколошките акции.

Проектот чија што цел е да се исчисти отпадот од несоодветните места во околината и да се развие свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот, во Богданци се спроведе со голема акција за чистење на просторот околу градската депонија во која учествуваа жителите и учениците од основното и средното училиште.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза