Акции за чистење на Водно и Матка

Од:
Акции за чистење на падините на Водно и на кањонот Матка најавија за денеска неколку граѓански организации.
Под мотото „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“, волонтери на Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД, ќе бидат префрлени до врвот на Водно со жичарата,  по што ќе  собираат  отпадоци пешачејќи надолу до Средно Водно.

Од ЛЕАД информираат дека ова ќе биде прва од планираните шест акции за чистење на падините на Водно во наредните шест месеци.

Покрај расчистување на планината, акцијата има цел и да ја зголеми јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“, а во текот на втората акција ќе бидат закачени и 100 дрвени таблички со овој слоган.

Акцијата за чистење на кањонот Матка е дел од серијата активности на граѓанските организации Го Грин, Ајде Македонија и Грашаница, што ги организираат со претставници на туристичкиот и јавниот сектор за чистење отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево. Целта е поддршка на активностите во туризмот во Македонија и јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e лицето кое беше пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Горан Наумовски

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов