Академијата за судии ќе потпише меморандум за разбирање со ОБСЕ/ОДИХР и Јавното обвинителство

Од:

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, денеска во просториите на Академијата ќе потпише меморандум за разбирање со ОБСЕ/ОДИХР и Јавното обвинителство во Република Северна Македонија.

Потпишувањето на меморандумот е во врска со спроведувањето на Програмата за обука на јавни обвинители за справување со криминал од омраза во државата.

На настанот свое обраќање ќе имаат проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Северна Македонија, амбасадорот Игибјорг Солун Гисладотир, директор на ОДИХР и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се наведува во соопштението од Академијата „Павел Шатев“.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ