Ајверијада во Струмица

Од:

Денес со почеток во 12 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица ќе се одржи втората „Ајверијада“ на која ќе се изберат најдобрите во подготвување на домашен ајвар.

На натпреварот може да учестува секоја домаќинка со по една тегла домашен ајвар, а жири комисијата на три домаќинки со највкусен ајвар ќе им додели награди. Наградниот фонд изнесува вкупно 600 евра, од кои 300 евра за првата, 200 за втората и 100 евра за третата награда.

За посетителите и годинава ќе бидат намачкани околу десет илјади лепчиња со ајвар. Настанот е во организација на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица