АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Од:

Од денеска Уставот на Република Македонија е мртов! Џелатите на уставноста и на суверенитетот на граѓаните се познати. Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски се петте „тефтер“-судии кои надвор од очите на јавноста не само што го убија Уставот, туку станаа и директни соучесници во криминалите и бандитизмот на актулната власт, велат од АЈДЕ!.

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ!, заедно со сите слободумни граѓани, бара неотповиклива оставка на судиите, владини послушници, но и енергична и отворена реакција и акција на судиите кои не гласаа за оваа срамна одлука, затоа што од денеска Македонија нема ни Устав ни Уставен суд!

ФОТО: Ванчо Џамбаски
ФОТО: Ванчо Џамбаски

Едновремено, АЈДЕ! бара МВР веднаш да поднесе кривични пријави за организаторите на контрапротестот пред Уставниот суд. Но и веднаш да ги санкционира и да ги повика на одговорност сите оние службени лица кои вчера дозволија да биде згазено уставното право на граѓаните на мирен протест со тоа што не ги отстранија навреме учесниците на контрапротестот од местото на кое претходно беше закажан и уредно пријавен протестот на АЈДЕ!.

И нашата граѓанска иницијатива ќе поднесе пријави и ќе бара одговорност од сите оние лица кои не постапија во согласност со Уставот и законите и кои спречија десетина илјади граѓани слободно да протестираат и да бдеат пред зградата на Уставниот суд.

Ја повикуваме меѓународната заедница будно да ги следи случувањата кои очигледно водат кон продлабочување на политичката криза во државава и кои недвосмислено покажуваат дека во Македонија нема услови за слободни, фер и демократски избори на 5 јуни.
Им благодариме на сите граѓани кои вчера беа со нас и заедно со нас маршираа и протестираа за слобода и демократија. Борбата продолжува. Нашите протести и акции за зачувување на државата нема да запрат. Напротив!
НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!

Би можело да ве интересира

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ

„АЈДЕ“ бара да се повлечат контрадемонстрантите од пред Уставен суд

Емир Латифовиќ