Ајде Македонија стана член на европската мрежа Нула Отпад

Од:

Невладината организација „Ајде Македонија“ е примена како рамноправна членка под уставното име во Нула Отпад Европа (Zero Waste Europe) – европска мрежа која се залага за елиминирање на проблемот со отпадот преку превенција, реупотреба и рециклирање и силно се противи на неговото горење и закопување.

Приемот е реализиран на собранието на Нула Отпад Европа (Zero Waste Europe) што се одржа во Љубљана, Словенија, на кој Ајде Македонија беше претставувана од Извршниот директор, Блаже Јосифовски кој ја презентираше работата и заложбите на организацијата. – Со ова членство, Ајде Македонија  ќе продолжи поцврсто да чекори по агендата- Нула 0тпад и да ја реализира својата програма со поддршка на движењата кои се залагаат за Нула отпад ширум Европа, информираат од оваа организација.

Нула Отпад Европа претставува мрежа од 23 граѓански организации од цела Европа, кои се залагаат за циркуларна економија која има потенцијал да создаде многу нови работни места и претпријатија за да се овозможи повторна употреба и рециклирање на ограничените материјални ресурси, што е предуслов за одржлива средина за луѓето на планетава.

На Собранието во Љубљана се дискутирало и за поврзаноста на отпадот со климатските промени, загадувањето на воздухот, водата и енормното искористување на ограничените ресурси.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза