„АЈДЕ“ бара да се повлечат контрадемонстрантите од пред Уставен суд

Од:

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ! го осудува запоседнувањето на просторот пред Уставниот суд, на кој беше најавен во јавноста и пријавен во МВР граѓанскиот протест и бдеењето за одбрана на Уставот. Со овој контрапротест, власта уште еднаш покажа дека е подготвена на сè за да го спречи владеењето на правото и да ги згази основните слободи и права на граѓаните на Република Македонија.

Од организаторите на овој контрапротест бараме веднаш да се повлечат од зградата на Уставниот суд, а од МВР да ни овозможи да го оствариме своето уставно право на јавен протест и да поднесе кривични пријави за оние кои повикаа и го реализираа овој срамен и безумен чин.

Исто така, ја осудуваме и незаконската и кукавичка одлука на Уставниот суд да ја затвори за јавност утрешната седница на која судиите од тефтерчето на власта планираат да го озаконат нејзиниот криминал и бандитизам.

Ја повикуваме меѓународната заедница будно да ги следи случувањата кои водат кон продлабочување на политичката криза во државава и кои јасно и недвосмислено покажуваат дека во Македонија не се спроведуваат никакви реформи и дека нема услови за слободни, фер и демократски избори.

Затоа ние, граѓаните, уште еднаш ги повикуваме сите слободоумни граѓани и граѓанки да ни се приклучат во битката за дражавата, слободата и правдата и да дојдат масовно на денешниот протест во 18 часот, пред Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ