АХВ: За правилен избор на храната, да се чита означувањето

Од:

Избегнувајте производи во оштетени, нагмечени, надуени или напукнати конзерви, тегли, кутии и други амбалажи, не купувајте готови јадења кои стојат во откриени садови, разделувајте ја зготвената од суровата храна, добро измијте ги овошјето и зеленчукот.

Ова се само дел од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) според која, здравјето влегува низ уста и затоа треба исклучително да се внимава како, каде и што јадеме.

Особено е битно, велат од АХВ, кога пазарат, купувачите да го читаат означувањето на производите, а ако јадат надвор од дома и евентуално се посомневаат во исправноста или безбедноста на храната, да направат друг избор.

– Секогаш внимавајте, лицето кое ја приготвува или послужува храната правилно да ракува со неа. Во маркетите, пак, кога купувате, читајте го означувањето на производите. Согласно постојниот Правилник, тоа треба да биде јасно видливо и разбирливо, со прецизно наведени алергени, адитиви, витамини, минерали,… Практично ги дава сите неопходни информации за составот и начинот на чување на храната, рокот на употреба, нето тежината или волуменот,…, врз основа на кои потрошувачот може да изврши правилен избор, велат од Агенцијата.

Во Македонија постојано се спроведуваат кампањи за здрава храна и тие се најчесто поддржани или реализирани од АХВ. Во една од нив, „Безбедна храна за здрава иднина“, опфатени се повеќе сегменти: препораки за миење раце пред секое јадење, „паметно“ порачување кога се храниме надвор од дома, совети за транспорт на храна и препознавање симптоми на болести предизвикани од храна.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он