А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

АХВ уништи над 85 тони небезбедна храна

by А1он06/05/2020 - 10:4506/05/2020 - 10:56289
Share0

Повеќе од 85 тони небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна од јануари до март годинава. Најголемиот дел небезбедна храна, односно 68.541 килограми ги повлекле самите оператори согласно имплементираните HACCP-планови, додека инспекторите за храна и официјалните ветеринари, како небезбедни, уништиле 17.173 килограми храна.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Од вкупно уништената небезбедна храна од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари во првиот квартал годинава, 277 килограми била храна од неживотинско, а остатокот храна од животинско потекло. Од почетокот на годинава до март инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 12 699 контроли и за утврдените недоследности (непочитување на препораките и мерките за справување со вирусот Ковид-19, но и оштетувања на работните површини, несоодветна примена на HACCP-процедурите и нередовно водење записи, неажурирани санитарни книшки на вработените, неусогласености во врска со хигиената во објектите, несоодветно означување на производите и оштетувања на разладните витрини…, изречени се шест наредби за отстранување на недоследности, една мерка забрана и три мерки едукација на операторите, се вели во соопштението на АХВ.

За утврдените недоследности инспекторите донеле 851 решение за нивно отстранување, изрекле 13 парични казни за операторите со храна, спровеле 423 едукации и поднеле 5 прекршочни пријави.

Во првиот квартал од годинава нема ниту забранети ниту уништени небезбедни пратки од увоз. За извоз на храна од животинско потекло во првите три месеци од годинава издадени биле 566 сертификати, а за извоз на храна од неживотинско потекло 597 сертификати.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Почнувајќи од 16 март годинава, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили инспекциските контроли на операторите со храна на целата територија во земјава согласно препораките на Комисијата за заразни болести и одлуките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки за намалување на ризикот од пренесување и ширење на вирусот Ковид-19 кај луѓето. Покрај контролирање на тоа дали се почитуваат основните и посебните услови за безбедност на храната, во рамки на вонредните засилени контроли се вршат и проверки дали операторите со храна ги почитуваат препораките и мерките на Комисијата за заразни болести и Владата кои се однесуваат на намалување на ризиците и спречување на ширење на коронавирусот, посочуваат од Агенцијата.

АХВ, се додава во соопштението, останува отворена за соработка со граѓаните и бизнис-заедницата. На бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 и на електронската адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство [email protected], во секое време може да се пријават недоследности во поглед на безбедноста на храната и почитувањето на препораките и мерките за заштита од коронавирусот.

ahv

Би можело да ве интересира

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски27/08/2026 - 12:3827/08/2026 - 12:40

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

Горан Наумовски17/08/2026 - 13:17

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

Горан Наумовски17/08/2026 - 12:39

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот е казнет со 550 евра

Горан Наумовски12/08/2026 - 15:5312/08/2026 - 17:40

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:34

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски16/06/2026 - 11:5016/06/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео