АХВ „подели“ 23 казни за кафеани кои организирале предновогодишни прослави

Од:

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спровеле вонредни, засилени контроли, при што за утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.

-Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуваат предновогодишни прослави. Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, соопштуваат од АХВ.

Во соопштението се додава дека иако имаат законска обврска, пет од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он