AХВ: Од Македонија повлечен производот за доенчиња од „Лакталис“

Од:

Од македонскиот пазар превентивно е повлечен производот детска храна за доeнчиња – Целија Експерт 2, со сериски број 17Ц0012838 од компанијата увозник на производите од француски “Лакталис”, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Наведената серија на повлечениот производ е здравствено и микробиолошки исправен и во скалд со законските регулативи на земјата производител и земјата увозник, се вели во известувањето на компанијата увозник пратено до Агенцијата.

Со направените испитувања потврдена е микробиолошката исправност на сите серии од производот „Целија“ кои се пласирани на пазарот во Република Македонија. Повлекувањето на производот, како што се вели во известувањето, направено исклучиво заради претпазливост и со цел намалување на паниката и заштита на потрошувачите по издаденото известување од Министерството за здравство на Франција, Агенцијата за заштита на потрошувачите надлежно за францускиот пазар и препораките на компанијата “Лакталис”.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он