А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

АХВ објави постапка за пријавување во случај на каснување од куче

by А1он18/12/2020 - 14:25749
Share0

Доколку граѓанин биде каснат или изгребан од куче или мачка, веднаш треба да се јави во најблиската здравствена установа за лекување на повредите. Ако животното е со познат сопственик, веднаш треба да пријави телефонски до надлежниот официјален ветеринар од општината каде се случило каснувањето. На интернет страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е објавена листата на официјални ветеринари и општините кои се надлежни да постапат во ваков случај.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти АХВ, пријава за каснувањето/гребењето може да се поднесе и преку архивата на подрачната единица на АХВ, преку архивата на дирекцијата на АХВ во Скопје или на службената електронска адреса на Агенцијата ([email protected]). Исто така, пријава може да се поднесе и преку најблиска ветеринарна амбуланта – клиника или полициска станица.

-Во прилог на пријавата, граѓанинот треба да ги достави личните податоци за контакт, соодветна медицинска документација која ја добил од здравствената установа во која се јавил за лекување на повредите настанати од каснувањето или гребењето од куче или мачка, локацијата каде се случил настанот и детален опис на животното од кое каснат. Во спротивно, пријавата ќе биде отфрлена како неоснована. По добивање на пријавата, надлежниот инспектор – официјален ветеринар дава налог кучето или мачката да се стави под официјален надзор (набљудување -опсервација од страна на доктор по ветеринарна медицина 15 дена со 3 клинички прегледи), а по завршување на опсервацијата се издава сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животното, објаснува АХВ.

Доколку се работи за каснување од бездомно куче или мачка, оштетеното лице случајот треба да го пријави во Секторот за инспекциски работи во локалната самоуправа, а покрај горенаведената процедура за пријавување, граѓанинот може да пријави и до надлежното прифатилиште за општината.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Прифатилиштето, по службена должност го известува надлежниот официјален ветеринар дека има пријава за каснување од куче или мачка. Во прилог на пријавата граѓанинот треба да ги достави личните податоци за контакт, соодветна медицинска документација која ја добил од здравствената установа во која се јавил за лекување на повредите настанати од каснување или гребење од куче или мачка, локацијата каде се случил настанот, детален опис на животнотото од кое е каснат. Многу е важно при поднесување на пријавата колку е можно попрецизно да се опише животното (најдобро е да се достави и слика од животното), како и прецизна локацијата на настанот за да може тоа што е можно побрзо да се пронајде и залови. Заловувањето го врши надлежното прифатилиште за општината каде се случил настанот, истакнува АХВ.

На интернет страната на Агенцијата е објавен и список на одобрени прифатилишта од АХВ и општини за кои се овластени да вршат активности за контрола на кучиња.

-По заловување на животното, прифатилиштето е должно да го информира надлежниот инспектор – официјален ветеринар, кој дава налог кучето или мачката да се стави под официјален надзор (набљудување-опсервација од страна на доктор по ветеринарна медицина 15 дена со три клинички прегледи), а по завршување на опсервацијата докторот по ветеринарна медицина издава Сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животното во однос на оваа болест. Доколку животното е обележано со ушна маркица или микрочип, може да се утврди дали истото е вакцинирано редовно против болеста беснило или не. Доколку е редовно вакцинирано, докторот по ветеринарна медицина од прифатилиштето дава потврда дека кучето или мачката е вакцинирано против беснило, а постапката за набљудување продолжува во прифатилиштето, се наведува во соопштението.

ahv

Би можело да ве интересира

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски27/08/2026 - 12:3827/08/2026 - 12:40

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

Горан Наумовски17/08/2026 - 13:17

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

Горан Наумовски17/08/2026 - 12:39

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот е казнет со 550 евра

Горан Наумовски12/08/2026 - 15:5312/08/2026 - 17:40

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:34

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски16/06/2026 - 11:5016/06/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео