АХВ: Нема пречка за извоз на термички третираните производи од месо во Русија

Од:

Нема никаква пречка соодветно термички третираните производи и нус производи од говедско месо да се извезуваат на рускиот пазар, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Воведената забрана за увоз на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија поради појавата на болеста јазлеста кожа во нашата земја, како што посочуваат од АХВ, е од времен карактер и се однесува исклучиво на живи животни, на месо и производи од говедско месо кои не се соодветно термички тертирани, како и на нус производи од говеда (кожа) која не е соодветно третирана.

– Забраната за увоз, руските ветеринарни власти ја вовеле согласно стандардите на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, се наведува во денешното соопштение од АХВ.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ќе останат во постојан контакт и комуникација со руските ветеринарни власти и ќе ја следат состојбата.

– По смирувањето на болеста јазлеста кожа во Република Македонија Агенцијата за храна и ветеринарство официјално ќе побара од руските ветеринарни власти да извршат реевалувација на донесента одлука и да ја укинат воведената забрана за увоз од Република Македонија, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот е казнет со 550 евра

Горан Наумовски

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски