АХВ ќе набавува автомобили за 120.000 евра

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе го обновува возниот парк. Од касата на оваа институција ќе се одвојат околу 120.000 евра за нови автомобили.

До бирото за јавни набавки Агенцијата за храна и ветеринарство доставила оглас каде на тендер бара набавка на возила без да прецизира колку за сума од 7.627.118 милиони денари без вклучен ДДВ.

Во тендерот стои дека ќе се користи електронска аукција а не е потребна гаранција за сериозност ниту гаранција за квалитетно извршување на договорот.

Агенцијата за храна и ветеринарство неодамна доби нов директор-Зоран Поповски. Тој го замени на директорската позиција Дејан Рунтевски кој се повлече од функцијата поради лични причини.

Од владата соопштија дека Поповски на функцијата бил избран откако се пријавил на конкурсот за раководни позиции.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он