АХВ изготви прирачник со препораки за организирање на работата на угостителите во услови на пандемија

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) подготви прирачник со сет на препораки за организирање на работата на угостителите во услови на пандемија со коронавирусот во пресрет на најавеното укинување на дел од мерките и ограничувањата донесени поради епидемијата на вирусот КОВИД 19 и разгледување на можноста од страна на Комисијата за заразни болести за повторно отворање и работа на угостителските објекти.

Целта е со препораките, како што велат од АХВ, е да им се помогне на операторите со храна кои се занимаваат со угостителство правилно да ја организираат работата во објектите, создавајќи услови преку максимално почитување на мерките за заштита, да се заштити здравјето и на вработените и на гостите, но и да се одржи високо ниво на хигиена во угостителските објекти.

– Според најавата на Комисијата за заразни болести угостителските објекти како што се рестораните ќе почнат со работа во втората фаза од воведувањето на релаксираните мерки, која согласно трендот на новозаболени од корона вирусот, се очекува да биде после 19 мај. Според стручните лица, со вакви мерки на заштита и претпазливост и во овој дел од стопанството, државава ќе живее во текот на целиот летен период, бидејќи оваа пандемија не е како сите досега познати заразни болести, велат од АХВ.

Од самиот почеток на пандемијата со КОВИД 19, додаваат, Агенцијата за храна и ветеринарство посветено работи на информирање на сите вклучени чинители во системот на безбедност на храната за мерките заштита и спречување на ширење на вирусот. На интернет страната на АХВ заинтересираните субјекти и граѓаните можат да ги најдат сите препораки и информации кои се однесуваат на пандемијата и на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.

– Покрај спроведување на темелна дезинфекција на објектите и површините и опремата, пред започнувањето со работа, неминовно е да се изврши и дезинсекција и дератизација во угостителските објекти. Угостителите треба да спроведуваат строги мерки за избегнување на евентуален пренос на инфекцијата меѓу вработените и гостите, пренос на инфекцијата преку контаминиран прибор и опремата која доаѓа во контакт со храната и гостите, како и мерки за избегнување на пренос на инфекцијата при прием на храната и послужувањето на гостите, велат од АХВ.

Примарна останува, потенцираат, примена на мерките за лична заштита како што се носењето на заштитна маска од страна на вработените, одржување на хигиена на рацете, физичко дистанцирање од 1,5 – 2 метри меѓу самите вработени и со гостите, но пред се избегнување на допирање на очите, носот и устата.

– Задолжителна ќе биде дезинфекцијата на рацете и на гостите и на вработените кои тоа треба да го практикуваат почесто, односно во неколку наврати во текот на подготовката и послужувањето на храната. Покрај основната, за вработените треба да се обезбеди и дополнителна заштитна опрема, како што се штитови за лице, водонепропустливи престилки, гумени ракавици и чизми. Во поглед на организирањето на примот на гостите, масата треба да биде максимум за четири гости кои ќе бидат сместени на површина од 10 квадратни метри. Растојанието од задниот дел од столицата до задниот дел од столицата на соседната маса треба да изнесува најмалку еден метар, а гостите да се гледаат едни со други на растојание од најмалку 1, 5 метар. Во помалите објекти, треба да се разгледа и можноста за шалтерско послужување, потенцираат од АХВ.

Би можело да ве интересира

Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

Во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ пронајдени бактерии

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски