АХВ избрана за член на Извршниот комитет на ЕуФМД

Од:

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) наредните две години ќе биде член на Извршниот комитет на Eвропската комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД).

Оваа одлука е донесена на 42. седница на Генералното собрание на ЕуФМД коja се одржа од 20 до 21 април годинава, а уследи откако македонски експерт изминатите шест месеци работеше на имплементирање на програмата за балканскиот регион.

Со членството во овој Комитет, АХВ, како што соопшти, ќе има можност директно да ги координира регионалните активности кои се спроведуваат во делот на Балканска компонента од Стратегијата за контрола на лигавка и шап.

ЕуФМД е една од најстарите комисии на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО), а Македонија членува во неа 11 години.

Европската комисија за контрола на лигавка и шап брои 38 земји членки (од ЕУ и земји кои немаат статус на членки во Унијата) и нејзина единствена цел е координирање на заедничката акција во борбата против лигавката и шапот. Активно работи на спроведување програма за подобра подготвеност во случај на појава на оваа болест во услови кога болеста ја има во европското соседство и во повеќе од 100 земји во Африка, Блискиот Исток, како и на голем дел од евроазиската територија. Зад оваа Комисија на ЕУ стои искуство од над 60 години во прогресивна контрола на лигавка и шап во Европа, над 10 години искуство во работата во земјите соседи на ЕУ и нејзина директна вклученост во меѓународните организации со цел воведување на принципот на Прогресивна контрола на патеката за болеста (PCP) во целиот свет.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он