АХВ: И кланиците максимално да ги почитуваат заштитните мерки против КОВИД-19

Од:

Во погоните каде непосредно се врши производство на храна да се држи растојание меѓу вработените од 1,5 до два метра, а во кланиците за колење јагне растојанието да биде согласно работните места превидени по технолошката шема на работниот процес, по должина на технолошката линија на производство. Вработените задолжително да носат заштитна маска и да ја менуваат почесто, на 2-4 часа, како и во случај на нејзино оштетување или загадување со крв или друга нечистотија. Ракавиците почесто да се менуваат, секогаш кога се оштетни, по пауза во текот на работењето, а да се мијат во текот на работата. Пред ставањето на ракавиците, рацете добро да се измијат и дезинфицираат, како и по нивното вадење.

Ова се само некои од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) испратени до компаниите кои вршат дејност производство на прехранбени производи, со оглед на актуелната соостојба со КОВИД-19.

Според АХВ, за време на паузите, вработените да не се групираат, да одржуваат меѓусебно растојание и да се избегнува меѓусебен контакт на оние од погоните особено со административните службеници. Лицата задолжени за обезбедување на објектот, возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали и хартиени документи, исто така треба да носат лична заштитна опрема.

-Во производствениот објект, пред влезот во работните простории, задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и обувки. На работните места кои се предвидени по технолошката шема на работниот процес, секогаш треба да има топла вода, средство за миење на рацете и функционални стерилизатори за ножеви. Да се врши почесто проветрување на работните простории, повеќе пати во текот на денот ако е можно, преку природна или вештачка вентилација. Редовно да се спроведуваат Добрите производствени и Добрите хигиенски пракси (ДПП/ДХП) базирани на HACCP принципите, наведува АХВ.

Налага и вработените да ги почитуваат општите препорачани мерки за одржување повисоко ниво на лична и општа хигиена (често миење на рацете, приборот и опремата за работа).

-Во случај на потреба од администартивна работа потпишувањето на хартиените докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици). Да не се одржуваат состаноци/колегиуми, туку да се спроведуваат по телефон или по пат на електронска комуникација. По завршување на работниот процес да се спроведе темелно механичко чистење и дезинфекција на сите простории во објектот. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и да се пријави до надлежниот Центар за јавно здравје, потенцира АХВ.

Препораките се испратени до операторите со храна, до членките на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За прв пат после 23 години и со карго транспорт, се извезе свежо македонско јагнешко месо во Јордан

Ана Ололовска

АХВ изготви прирачник со препораки за организирање на работата на угостителите во услови на пандемија

А1он

АХВ уништи над 85 тони небезбедна храна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Рестораните пред отворањето задолжени да направат дезинфекција на опремата и објектот

Маја Илиевска-Пачемска

Атанасов: Ковид-19 не може да се пренесе преку храната, со нејзина консумација, но може преку пакувањата на производите во маркетите

Ана Ололовска

ВИДЕО: АХВ за еден месец спроведе 1.645 инспекциски контроли

Ана Ололовска