АХВ ги засили мерките по информациите за „птичји грип“ во регионот

Од:

По добиените информации за присуство на „птичји грип“ во неколку европски земји и држави од регионот, Агенцијата за храна и ветеринарство го подигна нивото на внимателност.

Како што соопшти денеска, испратен е допис до ветеринарните друштва за пријавување евентуална зголемена смртност кај живината во одглеувалиштата или за угинати птици преселници. Преземени се и активности за навремено информирање на одгледувачите на живина за мерките кои треба да ги преземат во одгледувалиштата со цел намалување на ризикот од појава или пренесување на оваа болест во јатата, како и за нејзино полесно препознавање и начинот на кој таа може да се прошири.

Според АХВ, со оглед дека станува збор за болест која има специфичен начин на ширење, најчесто преку птиците-преселници кои се сметаат за нејзин резервоар, на одгледувачите на живина и ветеринарните друштва им се дадени насоки кои биосигурносни мерки треба да се преземат на фармите и какви мерки за заштита треба да преземат категориите на лица кои се изложени на ризик, зашто од болеста заболуваат птиците, но и луѓето.

– Птичјиот грип задолжително се пријавува и затоа апелираме во најкраток можен рок, до надлежното ветеринарно друштво или официјален ветеринар на Агенцијата да се пријави секоја зголемена смртност на живината на одгледувалиштата, наведува АХВ.

Моментно, болеста е присутна во Германија, Данска, Холандија, Унгарија, Австрија, Хрватска и други земји.

Би можело да ве интересира

АХВ казни 14 месарници: Продавале небезбедна храна и ја занемариле хигиената

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети