АХВ ги отфрли обвинувањата на Николовски

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во целост ги отфрли денешните обвинувања на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Николовски, како што наведува АХВ, со изјавите изнесени по којзнае кој пат, само ја потврдува својата некомпетентност и деструктивност, пласирајќи во јавноста лаги, слични на неодамнешните за резултатот за зголемено присуство на пестициди во увозните краставици.

– И тогаш и сега, во отсуство на идеи и незнаење, но и поради нестручно и несоодветно дадените совети од неговите советници кои немаат ниту еден ден искуство во справувањето со болеста „јазлеста кожа“ кај говедата, ниту со други болести кај животните, Николовски ја потврдува единствената цел – да ја искриви и лажно да ја претстави сликата за преземените мерки и за справувањето на АХВ со болеста, стои во соопштенито.

Не обвинувањата и барањата на Николовски, децидна е АХВ, веќе е одговорено во секојдневните изјави на Агенцијата  за храна. 

– Затоа сега, единствено отворено останува прашањето на капацитетот на Николовски и неговите советници за апсолвирање на податоците и информациите кои ги дава Агенцијата.

Би можело да ве интересира

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот е казнет со 550 евра

Горан Наумовски

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет

Контролите открија измами: Сирење со 1% млечна маст се продавало како производ со 20%

АХВ: Нема небезбедна бебешка храна од HiPP на македонскиот пазар