AХВ ги исклучи кучињата и мачките од кампањата „Стоп беснило”

Од:

Собрани се доволен број примероци од кучиња и мачки, поради што овие животни се исклучени од кампањата за подобар пасивен надзор на болеста беснило.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), продолжува собирањето угинати животни (лисици, волци, чакал, куна, ласица и јазовец) за лабораториско тестирање за беснило.

-Кампањата „Стоп беснило” во изминатиот период ги даде очекуваните резултати. Со оглед дека се прибрани доволен број примероци од кучиња и мачки, ги исклучуваме овие видови животни од кампањата и за нив нема да се врши исплата. Кампањата „Стоп Беснило” продолжува со пријави и исплата на надомест за диви животни, кои може да се пријават или на мобилна апликација достапна на Google play store или на бесплатниот телефонски број 0800 00 210, велат од АХВ.

Според препораките на ветеринарите, секој што ќе види угинато животно, не треба да го допира. Најдобро е случајот веднаш да го пријави на 0800 00 210 или на мобилната апликација „Стоп беснило“.

Кампањата „Стоп беснило“ почна на 30 јули со првиот дел – медиумска промоција на аудио и видео спотови за едукација на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Бабовски: Не е „во мода“ да имате миленик, туку да имате здравствено-заштитен, вакциниран миленик

Ана Ололовска

Убивале кучиња со чекан по глава за да земат награда од 500 денари во кампањата на АХВ „Стоп беснило“

Мери Јордановска

АХВ: Повлечени од употреба кремови за готвење и бази за сладоледи, не се безбедни

Итно повлечени сладоледи од пазарот во Македонија – имале зголемено присуство на етилен оксид

Во тек инспекциска контрола кај двајца увозници за сладоледите „сникерс“ и „твикс“ на „Дукатос“

Кампања на АХВ: Угинатите животни да не се допираат, туку да се пријават на апликацијата „Стоп беснило“

Ана Ололовска