АХВ ги демантира наводите во соопштението на „Коалиција против ГМО“

Од:

„Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира наводите од денешното соопштение на неформалната група граѓани и организации „Коалиција против ГМО“ во врска со изјавите на директорот на АХВ Зоран Атанасов дадени во емисијата Отворено студио на ТВ 1, во врска со ГМО храната. Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја информираме јавноста дека сите наводи изнесени во соопштението се невистинити и голем дел се однесуваат на надлежности на други институции, а не на Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ е надлежна за уредување на легислативата и контролата на ГМО храната и ГМО храната за животни, но, не и за одобрување и пуштање во промет на ГМО семињата, ниту за култивацијата и одгледувањето на култури кои се генетски модифицирани. АХВ не е надлежна институција ниту за контрола на влијанието на овие генетски модифицирани култури врз животната средина и врз диверзитетот во природата.

Сите посочени линкови во соопштението се однесуваат на штетни ефекти врз здравјето на луѓето, но, од употреба на одредени пестициди, за кои се знае дека нивната прекумерна или несоодветна употреба има штетни последици. Одобрувањето на пестицидите не е надлежност на Агенцијата.

Дел од посочените линкови упатуваат на научни трудови кои се поврзани со употребата на пестицидите, а не со употребата на ГМО храната и ГМО храната за животни. Некои од линковите се само информации од написи непоткрепени со научни сознанија, но, и тие зборуваат за штетни ефекти врз здравјето на луѓето од употребата на одредени пестициди, не за ГМО.

Европската агенција за безбедност на храната ЕФСА учествува во проценка на ризикот која е дел од процедурата за одобрување на генетски модифицираниот производ во рамки на Европската комисија, а се однесува на растение кое може да се култивира и чија намена е стриктно определена во самата авторизација/одобрение, односно определено е дали културата која е генетски модифицирана ќе се користи за храна или како храна за исхрана на животни.

За употребата на ГМО храната која е авторизирана/одобрена, а се користи во исхраната на луѓето нема научни докази дека влијае негативно врз здравјето“, се вели во демантот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Би можело да ве интересира

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот е казнет со 550 евра

Горан Наумовски

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски