А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

АХВ: Енергетски пијалог не смеат да пијат лица под 18 години

by А1он03/11/2016 - 14:03163
Share0

Непочитувањето на предупредувањето кое е наведено во означувањето дека енергетскиот пијалок не смее да го пијат лица под 18 години е причина за влошувањето на здравствената состојба на тројцата малолетници од Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден направија вонредна, дополнителна контрола кај операторот со храна производител на безалкохолниот пијалок кој во јавноста беше посочен како причина за наводно труење со храна на три малолетни лица во скопската населба Радишани, се вели во денешното соопштение од (АХВ).

Оттаму посочуваат дека е извршена контрола на HACCP планот кој го спроведува производителот, проверени се лабораториските анализи кои согласно HACCP планот има обврска да ги прави, при што не се констатирани недоследности. Пијалокот согласно важечките правила е соодветно означен.

Во конкретниов случај, како што истакнуваат од АХВ, не станува збор за небезбеден производ, ниту за труење со храна, туку за непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале безалкохолниот пијалок. – Причината, децата да се најдат во таква состојба е поради непочитување на предупредувањето кое е назначено во означувањето дека пијалокот не смее да го пијат лица под 18 години, се додава во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во рамки на редовните инспекциски контроли Агенцијата кај овој оператор извршил контрола пред два месеца. И тогаш, велат од АХВ, не биле констатирани недоследности во работењето, ниту отстапки во поглед на безбедноста.

ahv

Би можело да ве интересира

Продолжуваат контролите на зелените пазари

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 09:58

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски17/10/2026 - 10:1317/10/2026 - 11:01

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 13:4626/09/2026 - 13:57

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он25/09/2026 - 17:34

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он07/09/2026 - 13:3307/09/2026 - 13:38

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on03/09/2026 - 20:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео