АХВ: Црна Гора не увезла свинско месо од резервите на НАТО

Од:

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски, врз основа на остварен телефонски контакт со црногорските ветеринарни власти, попладнево доби официјална потврда дека во Црна Гора, преку пристаништето во Бар, во изминатава недела воопшто не е не е извршен увоз на свинско месо за кое во одредени медиуми од регионов се шпекулираше дека е од резервите на НАТО и дека е постаро од триесеттина години.

АХВ, како што соопшти попладнево, ги засили инспекциските контроли на граничните премини и во прометот пред добивањето на официјалната потврда за наводно увезеното замрзнато месо.

Претходно во текот на денов, Агенцијата за храна апелираше до медиумите и граѓаните да не создаваат непотребна паника дека месо од ваквата пратка ќе дојде до македонскиот пазар.
– Месото, подготовките и преработките од месо кои се продаваат во Македонија се безбедни, без оглед дали станува збор за производи од домашно производство или од увоз. Увозот се врши исклучиво од одобрени земји и објекти, задолжително проследени со ветеринарно здравствен сертификат кој ја гарантира безбедноста на пратката, а инспекциските служби на граничните премини вршат задолжителна контрола. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките, а при сомнеж се земаат и мостри за лабораториско испитување. За ваквите пратки не се дозволува увоз во земјава. Тие се ставаат под надзор додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува нивната безбедност, нагласи АХВ.
Агенцијата воедно апелира, граѓаните и операторите со храна, доколку имаат сознанија дека небезбедно месо или кој било друг производ се наоѓа на домашниот пазар, да го пријават писмено или лично во АХВ, како и на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 или на електронската адреса [email protected].

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза