Ахмети: Законот за јазици е усвоен, што се однесува до мене

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека што се однесува до него законот за јазици е усвоен и дека прашање на време е неговата конечност.

„Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена“, рече Ахмети на свечена академија по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово што се одржа во Скопје во организација на лидерот на ДУИ.

Законот за јазици заглави во Собранието, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани. Собранието пред десетина дена информира дека амандманите се преведени и архивирани.

„Со оглед на големиот број амандмани, потребно е тие да се разгледаат и да се постапи по нив во согласност со одредбите на Деловникот за работа на Собранието, по што законот за јазиците ќе биде разгледан“, соопштија од Собранието.

Собранието требаше да почне расправа за амандманите на почетокот на овој месец, но точката беше тргната од дневен ред затоа што амандманите не беа преведени. Законот за јазиците во трето читање се врати во Собранието откако Ѓорге Иванов одби да го потпише и со низа забелешки го врати до пратениците. Засега нема закажано седница.

М.И.П.

Би можело да ве интересира

Ахмети: ОВК не беше насочена против ниту еден народ, туку дека се бореше за слободата на својот народ

Собир во Скопје за поддршка на поранешните лидери на ОВК

Горан Наумовски

Ахмети организира протест за поддршка на лидерите на ОВК во Скопје

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници, а Вреди 122

Меџити: Време е Ахмети да се повлече

Горан Наумовски