(ВИДЕО) Ахмети за случајот на СЈО: Обвинението е на погрешна адреса

Од:

Обвинението на Специјалното јавно обвинителство за нереализираниот попис од 2011 година е испратено на погрешна адреса. Јас не сум виновен, тоа е одлука на Собранието на Република Македонија, одговори Али Ахмети денеска на новинарско прашање по средбата со грчкиот министер Никос Коѕијас.

Ахмети во врска со изгласувањето на Законот за употреба на јазиците рече дека деновиве тој треба да стапи на сила и дека Иванов има уставна обврска да го потпише.

– Претседателот Иванов не треба да се двоуми за потпишување на изгласаниот Закон за употреба на јазиците. Со тоа целосно ќе биде извршена имплементацијата на Рамковниот договор, кој донесе мир во Република Македонија, рече Ахмети.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ахмети: ОВК не беше насочена против ниту еден народ, туку дека се бореше за слободата на својот народ

Собир во Скопје за поддршка на поранешните лидери на ОВК

Горан Наумовски

Ахмети организира протест за поддршка на лидерите на ОВК во Скопје

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници, а Вреди 122

Меџити: Време е Ахмети да се повлече

Горан Наумовски