Ахмети за Божиќ посака повеќе толеранција и почит

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, во име на сите членови и поддржувачи и во свое име, го честита големиот православен празник Божиќ, и посака многу здравје и радост во семејствата.

„Божиќ, повеќе од кој било друг христијански празник, ги собира семејствата заедно на една трпеза и претставува празник кој го слави семејството, животот и вербата во Бога. Денес, посебно ми е драго што покрај традиционалното обраќање до членовите на Македонската православна заедница, имам можност да им се обратам и на православните Албанци во Република Македонија со честитка за овој голем празник. Bерските празници секогаш не обединуваале при што ни овозможуваат да ги истакнеме најдобрите човечки вредности кај сите нас“, вели Ахмети во честитката по повод Божиќ.

Тој посакува Божиќ да ни донесе поголема толеранција и меѓусебно почитување и разбирање, но и повеќе спокој и благодет за нашата земја.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби