Ахмети: Време е да рефлектираме и заедно да изградиме фронт за Европа

Од:

Демократската унија за интеграција денес ги продолжи средбите со своите членови и граѓаните во Гостивар, каде за европската иднина на државата се разговараше овојпат со жителите на Србиново, Страјане, Падалиште, Ѓоновица и Симница.

На присутните им се обратија Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, Министерот за финансии Фатмир Бесими, Претседателот на огранокот на Демократската унија за интеграција во Гостивар, Валдет Џафери и Имран Жупани од подогранокот на ДУИ во Србиново, додека присутни беа и претседателот на Собранието, Талат Џафери и Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби.

– Aко сме сериозни да му служиме на народот, иднината, да им оддадеме почит на оние кои пролеале крв и пот за оваа земја, мора да застанеме и да размислиме дали е ова важен момент “Заедно за Европа“? Дали е ова моментот заедно да изградиме фронт за Европа и да го скратиме патот до членството, да излеземе со повик до нашите сограѓани дека оваа држава е заедничка. Нашите македонски сограѓани не можат да имаат посилна автономија сами, отколку заедно со своите сограѓани Албанци. Ние сме посветени за посилна Македонија, интегрирана во НАТО, таа да биде во Европската Унија и зошто да не ја изградиме оваа алијанса токму во овој момент, многу корисна за нас не само како Албанци, туку и за сите граѓани на Република Северна Македонија. Членството во Европската Унија ги усогласува стандардите, обезбедува подобар живот, бара да ги исполниме стандардите пред да станеме членка. Ако работиме со срце и верба, нема ништо што не може да се постигне. Има прогноза за 2030 година, но можеме уште повеќе да го скратиме патот ако си ја завршиме домашната задача, a таа задача не треба ја вршиме само затоа што тоа го бараат Брисел и Вашингтон, туку затоа што ни треба нас, да владее законот ни треба нас, да имаме функционална администрација ни треба нас, да немаме криминал и корупција ни треба нас. Ни треба фронт за Европа бидејќи тоа го скратува патот до членството и ја олеснува работата кон материјализација на стандардите почнувајќи од ветингот до владеењето на правото – изјави лидеерот на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов