Ахмети: Војската на Косово е и темел на мирот и стабилноста на целиот наш регион

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети испрати честитка по повод трансформацијата на безбедносните сили во косовската армија. Во честитката тој напиша биле потребни жртви, соништа, напори и мачење низ вековите за да се дојде до деновите на слободата, независност, војска, рамноправност и перспектива.

„Војската на Косово е и темел на мирот и стабилноста на целиот наш регион со евроатлантска перспектива. Од денес, не само Косово , туку цела Југоисточна Европа добива уште еден сојузник во борбата за изградба на западните демократски капацитети во нашите земји, достојни за интеграција во НАТО и Европска Унија“, вели Ахмети во честитката.

Тој како предизвици во регионот ги наведе демаркацијата на границата помеѓу Косово и Србија, меѓусебното признавање, отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ на Македонија и Албанија, нашето членство во НАТО и спроведувањето на преспанскиот договор.

Сите ние што ги делиме истите вредности, вели Ахмети, имаме идентично тежнеење за рамноправност, правда и евроатланска интеграција на нашите земји, треба да си помогнеме едни на други пружејки му ја раката на соседот во овој процес.

„Потсетувајќи се на борците низ годините, мачениците, ветераните, дејците, патриотите, им честитам на сите граѓани за ова монументално постигнување“, додаде Ахмети во честитката за косовската војска.

Би можело да ве интересира

Три лица преку ноќ исчезнаа во Косово – полицијата детално истражува

Горан Наумовски

Формирањето на косовската влада повторно не успеа, Османи го распушти парламентот

Инцидент на српско-косовската граница: Маскирани Албанци пукале кон српски војници

Горан Наумовски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп идната година

Катерина Ѓуровски

Минималната плата во Косово во 2026 година – 500 евра

А1он

На Косово му се заканува институционална криза, најголема од прогласувањето на независноста