Ахмети: Во Кичево нека победи најдобриот

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

Во соопштението од партијата, издадено по средбата, стои дека од големо значење е локалните избори да бидат фер и демократски.

„Одлуката за спојување на околните општини со Кичево ќе се почитува и нека победи најдобриот без налози од горе. Албанците се мотивирани посебно, затоа што иако биле мнозинска заедница во Кичево, никогаш порано не ја воделе општината“, рекол Ахмети на средбата.

Ахмети ја нагласил заложбата за што е можно побрзо зачленување на Македонија во НАТО. „Нашите напори продолжуваат, но и ќе се интензивираат по формирањето на Владата во Грција како и по изборите во САД и локалните избори во Македонија. Членството во НАТО е најголем интерес за кој што вреди да се плати висока цена“, рекол првиот човек на алтернативците.

Тој се заблагодарил до мисијата на ОБСЕ за нивната готовност да го следат процесот во случајот Смилковци на начин кој што ќе гарантира аргументиран и транспарентен процес.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата