Ахмети-Соботка: Објектив на ДУИ е Европската унија и Австрија е голем поддржувач на нашите аспирации

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денес оствари работна средба со претседателот на Австриското Собрание, Волфганг Соботка.

Ахмети му се заблагодари на Претседателот Соботка за посетата и изрази признание за австрискиот придонес во воспоставување на мирот во Република Северна Македонија.

Австрија имаше посебна улога преку Стефан Легне и остави важен белег на ова земја, рече претседателот на ДУИ.

Ахмети истакна дека објектив на ДУИ е Европската Унија и дека Австрија е голем поддржувач на нашите аспирации.

Ахмети изрази уверување дека изборите ќе бидат во согласност со европските стандарди и дека ќе победи подобриот кого ќе го изберат
граѓаните.

„Нашите приоритети го опфаќаат и Преспанскиот, Охридскиот и договорот за добрососедство, Ветингот за владеење на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и работни места за сите.

Претседателот Соботка повторно ја потврди големата австриска подршка за европската иднина на нашата земја“, соопштуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски