Ахмети со печалбарите Албанци во Италија

Од:

Делегацијата на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети, со средба со печалбарите во Италија, синоќа ја заврши серијата средbи со печалбарите Албанци во Швајцарија, Австрија, Германија и Италија.

Пред печалбарите во Мецарато, Ахмети изјавил дека се уште не е завршена работата што се однесува на прашањата на Албанците во Македонија, но оти состојбата за Албанците, во овој период  е изменета.

Како што рекол Ахмети, Косово денес е независно, Албанија членка на НАТО, Албанците во Македонија со авансиран политички и правен статус.

– Денеска националното знаме се употребува слободно, тоа е уникатен пример кога знамето идентично со друга држава официјално се употребува во друга држава. Универзитетот кого ние го легализиравме  во 2004 година денес е распространет во сите албански градови и тоа во објектите и касарните на поранешната југословенска војска. Во касарните каде командуваше Младиќ денеска студираат студенти Албанци. Обично се кажува Младиќ во Хаг, 3.000 студенти на ДТУ во Куманово. Често ми се поставува прашањето дали ја сакам Албанија. Отворено им велам дека јас и моите соработници секогаш сме ја сакале Албанија. Се чудам како некои луѓе, кои не дале ни едно влакно од косата за албанското прашање, денес ме обвинуваат мене. Но, јас им простувам, не сакам меѓу Албанците да има поделби, зашто само единствени може да бидеме по силни и позначајни, изјавил Ахмети.

Пред печалбарите во споменатиот италијански град зборувал и потпретседателот на ДУИ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити.

Во своето обраќање тој се задржал на процесот на децентрализација и значењето од менаџирањето на оштините. Нагласил дека општината освен од аспект на реализација на етничките, културните и образовните права, има можност да создаде услови и за економски развој.

– Затоа, сите ние треба да се ангажираме од март 2013 година и Кичево да биде дел од општините кои се менаџираат од Албанци. Потребата и вие да гласате на овие избори е многу голема и вие да бидете дел од победата на албанско Кичево, порачал Меџити.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски