Ахмети со Нуланд: ДУИ ги поддржува реформите од препораките на Прибе

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и Викторија Нуланд, помошник државниот секретар на Стејт Департментот за Европа и Евроазија, разговараа околу политичка криза во Македонија и начините за надминување на истата како и за интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ преку решавање на прашањето за името и структурните реформи, соопштија од партијата.
Нуланд ја изразила својата проценка за улогата на Ахмети и ДУИ за последните случувања во земјата.

Од своја страна Ахмети ја запознал Нуланд за активностите што ги има превземено ДУИ и за постапките што планира да ги преземе во зависност од исходот на разговорите во наредните денови.

„Претседателот Ахмети го оцени како неприфатливо продолжувањето на политичка криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и продолжување на нашиот евроатлантски пат. ДУИ ќе ги поддржи реформите што произлегуваат од препораките на Европската Унија и на Прибе бидејќи нивното спроведување го прават демократскиот систем постабилен“, соопштија од партијата.

Соговорниците разговарале за надминување на спорот со името и за борците од регионот во војните во Сирија и Ирак како и за различни методи да се спречи оваа појава.

Во амбасадата на САД во Скопје, на средбата присуствувале и Евелин Фаркаш – Заменик Помошникот на Секретарот за одбрана на САД и амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли.

Би можело да ве интересира

Иран се заканува со напади на американски и израелски универзитети во регионот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Илјадници жртви досега во војната на Блискиот Исток

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник