Ахмети: Сите страни да учествуваат во носењето на вечершната одлука во Собранието

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска, по средбата со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, изјави дека сите потписнички на Договорот од Пржино треба да учествуваат во усвојувањето на вечерашната одлука во Собранието.

Грешка ќе биде, порача Ахмети, да се донесе одлука без учество на сите страни.

– Секако, и во овој случај, фанатично го браневме Договорот во интерес на неговото исполнување. Сметаме дека сите страни, потписнички треба да бидат учесници во актот за усвојување на вечерашната одлука во Собранието, истакна Ахмети.

Претседателот на ДУИ подвлече дека неговата партија во неколку наврати ги има променето своите одлуки единствено во интерес да продолжат македонските евроатлантски интеграции.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански