А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ахмети: Сите обврски од јунскиот договор треба да се имплементираат

by А1он07/08/2015 - 16:47100
Share0

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше заедничка средба со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, во американската амбасада во Скопје.

Добивај вести на вибер

Тема на разговорите, како што соопшти ДУИ, беше имплементацијата на јунскиот договор и на протоколот од 14 јули кој се постигна во согласност со најголемите политички партии во земјава со посредство на ЕУ и САД.

Ахмети нагласи дека ДУИ целосно го поддржува договореното и прави напори за негова успешна реализација преку конструктивни и натпартиски предлози. Специјалниот обвинител го претставува следниот предизвик и затоа партиите треба да се ангажираат максимално за да овозможат успешно функционирање на оваа привремена институција во рамки на обвинителскиот систем на земјава.

Тој ги претстави ставовите на ДУИ во однос на прашањето на специјалниот обвинител, но и за другите прашања кои произлегуваат од договорите постигнати од четирите политички лидери.

За ДУИ, сите обврски од договореното треба да се имплементираат консензуално за да се поврати довербата на граѓаните и да се зајакне кредибилитетот на институциите.

– Што поскоро ги имплементираме овие обврски, толку поскоро ќе се вратиме на приоритетните прашања за земјава како што се евроатлантската интеграција, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и економскиот развој, рече Ахмети.

dui

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:04

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он24/02/2026 - 17:1524/02/2026 - 17:19

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Предраг Петровиќ23/02/2026 - 16:41

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Горан Наумовски16/02/2026 - 11:22

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски12/02/2026 - 12:3912/02/2026 - 12:40

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

Горан Наумовски11/02/2026 - 16:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен