Ахмети: Сите кои сакаат интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржат референдумот

Од:

Сите оние кои сакаат интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија ќе го поддржат референдумот на 30 септември, вклучувајќи ја и опозицијата, бидејќи евроатланската интеграција на земјата е исто така нивна програмска определба, истакнал лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети на средбата со амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп.

Во соопштението од ДУИ се наведува дека Ахмети и Пломп разговарале за евроатланската интеграција, референдумот на 30 септември, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и регионалните случувања.

Ахмети го информирал холандскиот амбасадор за подготовките на ДУИ за успешно заокружување на евроатлантскиот пат преку спроведувањето на референдумот и уставните измени.

Во врска со реформите, владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како што се посочува во соопштението ДУИ воспостави уникатна практика во земјава, повикувајќи ги и поддржувајќи ги органите да ги истражат сите наводи за корупција и истовремено ги охрабрува другите партии да го сторат истото.

– На крајот, Ахмети заклучи дека единствен начин за регионот е помирување и целосна евроатланска интеграција со европските стандарди, се наведува во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански