Ахмети се сретна со турската амбасадорка Тулин Еркал Кара

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети се сретна со турската амбасадорка во Македонија, Тулин Еркал Кара.

На средбата, како што соопшти ДУИ, Ахмети и Кара разговарале за политичката ситуација во државата и за билатералните односи меѓу Скопје и Анкара.

Ахмети ги презентирал петте можни опции на ДУИ за излез од политичката криза, нагласувајќи го, како што се наведува, внимателниот пристап во решавањето на овој ќорсокак поради големата чувствителност на ситуацијата во државата, но и во регионот.

– ДУИ ја има предвид важноста на нашата одлука и затоа суштински и широко ја испитува секоја веројатност, предностите и последиците што може да ги донесе нашата определба, рекол Ахмети.

Тој ги осудил неуспешните обиди за државен удар во Турција, додавајќи дека преземањето на власта со сила е неприфатливо и ги осудил терористичките напади во Турција, покажувајќи солидарност со турскиот народ и сочувство до жртвите.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански