Aхмети се сретна со словенечкиот амбасадор Јазбец

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со словенечкиот амбасадор во Македонија Милан Јазбец.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Јазбец разговарале за политичките случувања во Македонија и за излез од политичката криза. Ахмети го запознал Јазбец дека ДУИ има разговарано со главните парламентарни партии за, како што се наведува, иницирање парламентарна координација со цел да продолжи и да заврши конститутивната седница на Собранието.

– Новоизбраниот претседател на Собранието по завршувањето на таа седница треба да ја информира институцијата Претседател на државата за новото парламентарно мнозинство и да побара споделување на мандатот за формирање влада, се вели во соопштението од ДУИ.

Ахмети повторил дека политичката и институционалната криза не треба да се претвори во етничка криза.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он