Ахмети се сретна со словенечкиот амбасадор Бранко Раковец

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорот на Словенија Бранко Раковец на средбата во Тетово разговарале околу напорите за решавање на политичката криза во земјата, безбедносната ситуација, прашањето за името и евроатлантските интеграции.

Ахмети, како што стои во партиското соопштение, ја истакнал важноста на постигнувањето политички договор меѓу лидерите на четирите најголеми партии во земјата со посредство на комесарот Хан и амбасадорите на САД и ЕУ во Скопје.

Ахмети изразил уверување дека сите страни ќе бидат конструктивни и ќе вложат напори за да се постигне компромисен договор кој го поддржуваат сите заедно.

Постигнатиот договор, како што истакнал лидерот на ДУИ, овозможува решавање на проблемите, но и враќањето на приоритетната агенда на Македонија, и тоа интегрирањето во НАТО и ЕУ преку остварување на решенија за прашања со нашите соседи и одржување на здрави меѓуетнички односи.

Во врска со безбедносната ситуација по настаните во Куманово, Ахмети ја посочил потребата од блиска регионална соработка особено меѓу дирекциите за безбедност на Косово и Македонија со цел, како што стои во соопштението, да се испита овој случај и вистината да излезе пред јавноста.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата