Ахмети се сретна со шведскиот амбасадор Стафансон

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и шведскиот амбасадор во Македонија Мат Стафансон на денешната средба во седиштето на партијата во Тетово разговарале околу постизборните случувања во Македонија, како и за приоритетите на ДУИ и на државата.

Ахмети, како што стои во соопштението, ги образложил програмските ставови на ДУИ, велејќи дека еднаквоста во земјата го прави општеството постабилно, додека одговорноста за решавање на спорот за името, интеграцијата, реформите, добрите меѓуетнички односи треба да ги преземат сите.

ДУИ, како што нагласил Ахмети, е фокусирана на соработката со албанските парламентарни партии околу заедничката национална платформа. – Моментално не води разговори за коалициска влада ниту со ВМРО ниту пак со СДСМ. Но единствениот дијалог кој го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и албанските партии, се наведува во соопштението.

Ахмети и Стафансон разговарале и за регионалните и глобалните геополитички случувања, како и нивното влијание врз Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански