Ахмети се сретна со шведскиот амбасадор Стафансон

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово, се сретна со шведскиот амбасадор Матс Стафансон.

Од ДУИ соопштија дека Ахмети и Стафансон разговарале околу парламентарните и претседателските избори, како и за евроатлантската интеграција на Македонија.

Ахмети истакнал дека мнозинството Албанци во Македонија го поддржуваат концептот на Демократската унија за интеграција на 13 април, кој ги докажува нивните политики на права и меѓусебна доверба која е изградена од ДУИ со албанскиот народ.

Консензуалниот концепт ги зближува заедниците и гради доверба меѓу двете поголеми етнички заедници во земјата. Ахмети, исто така, е убеден за убедливата победа на ДУИ на парламентарните избори во 27 април. Оваа победа и легитимноста стекната од страна на албанските гласачи ќе ни служи за реализација на точната изборна платформа на ДУИ и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Посебно политиката на интеграција е предмет на ДУИ и претставува апсолутен приоритет при формирање на новата влада по изборите на 27 април, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата