Ахмети се сретна со новиот британски амбасадор Чарлс Герет

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со новоименуваниот британски амбасадор во Македонија Чарлс Гарет.

ДУИ соопшти дека Ахмети и Гарет разговарале за политичката ситуација во земјава како и процесот на интегрирање на Македонија во НАТО и Европската Унија.

– Во врска со политичките збиднувања, Ахмети говореше околу значајноста на интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ. Ахмети повтори дека страните се блиску до компромис, но дека за да се постигне долгоочекуваното решение, треба да се вклучи активно и меѓународната заедница, стои во соопштението.

Ахмети посочил дека за ДУИ, НАТО нема алтернатива и затоа макотрпно работеле за да се постигне членството во Северноатлантската алијанса додека зачленувањето во ЕУ бил процес кој што ќе се реализира по имплементирањето на реформите и потребните стандарди.

Како што се наведува во соопштението, Ахмети очекува СДСМ да се врати во Собранието и да ги презентира своите ставови во законодавниот дом.

– За сите конструктивни иницијативи, СДСМ ќе наиде на наша поддршка, но во овие значајни времиња за земјата, СДСМ треба да преземе одлуки за доброто на државата и граѓаните, истакнал Ахмети.

Лидерот на ДУИ на амбасадорот Гарет му посакал успешна работа и изразил убеденост дека блиската и успешна досегашна соработка со Британската амбасада ќе продолжи и во иднина.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата