Ахмети се сретна со норвешкиот амбасадор Камсваг

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети,во седиштето на партијата во Тетово, денеска се сретна со норвешкиот амбасадор во Македонија Нилс Рагнар Камсваг со кого разговараа за актуелните политички случувања во земјата, судската пресуда за петкратното убиство кај Смилковското езеро и за евроатланската интеграција на Македонија.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети го запозна амбасадорот Камсваг со ставовите на ДУИ и за очекувањата на мнозинството граѓани за транспарентност во случајот.

– ДУИ бара враќање на кредибилитетот во овој процес и ова може да се постигне со повторување на процесот и со целосна транспарентност, набљудувана од страна на искусни меѓународни експерти во таквите процеси, стои во соопштението.

Ахмети, се наведува, ја повтори загриженоста што овој тежок случај се користи од страна на одредени поединци и субјекти за лична корист и политички групи кои тие ги претставуваат.

Ахмети ја истакна важноста на наредните месеци на патот кон НАТО и почнување преговори со ЕУ и повтори дека компромисот со јужниот сосед може да се постигне ако страните седнат да разговараат со меѓународно посредство.

– Ова треба да се случи што е можно поскоро бидејќи обезбедува мир, стабилност, безбедност, меѓуетнички односи, меѓусоседски како и економскиот развој, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски