Ахмети: ДУИ бара излез од кризата со партнерите од Брисел и Вашингтон

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на ДУИ во Тетово се средна со Амбасадорот на Норвешка Арне Санес Бјорнстад.

Соговорниците, како што соопштија од партијата, разговарале околу политичката криза во Македонија и алтернативите за излез од тешката политичка ситуација.

Ахмети го запознал норвешкиот Амбасадор околу интензивните напори на ДУИ во последниве денови за постигнување компромис меѓу двете страни во интерес на државата.

– Овие денови се од клучно значење за земјата и веќе им припаѓа на македонските политички партии за да ги поддржат алтернативите за излез од кризата укажувајќи подготвеност за политичка одговорност, суштински реформи како и силно враќање на Евро-атланската агенда и одржување на меѓуетничките односи. Свесни дека сериониот судир во земјата ги надминува границите и потенцијалите на Македонија, лидерите на најголемите партии во земјата треба да постигнат компромис веднаш, се вели во соопштението од ДУИ.

Ахмети повторил дека ДУИ ќе продолжи со напорите за излез од кризата во секојдневен контакт со меѓународните партнери од Брисел и Вашингтон, но и во комуникација со страните потписници од Договорот во Скопје.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански