Ахмети се сретна со грчкиот амбасадор Лалакос

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Грција во Македонија Харис Лалакос.
Соговорниците на средбата разговарале за односите меѓу Скопје и Атина, случувањата во земјите од Западен балкан и евроатланските интеграции.

– Ахмети зборуваше за важноста на евроатлантската интеграција на Македонија и побара поголемо вклучување на меѓународната заедница и посредување меѓу Скопје и Атина со цел страните да седнат на заедничка маса и да постигнат компромис, се вели во денешното соопштение од ДУИ.

Компромисот, додал, е неопходен и е во корист на двете наши земји, но и на целиот регион, бидејќи само еден интегриран регион во евроатлантските структури обезбедува одржлив мир, стабилност и овозможува економски развој.

Грчкиот амбасадор истакнал дека надворешната политика на Грција се базира на интегрирањето на соседите во НАТО и ЕУ и овој принцип останува непроменет и додал дека за да се постигне ова мора да се надмине прашањето за името.

Соговорниците се согласиле дека има потреба да се воспостави клима на доверба меѓу соседите преку конструктивен пристап и умерени изјави кои ќе го олеснат дијалогот меѓу Атина и Скопје.

На средбата Ахмети и Лалакос разговарале и за меѓуетничките односи и извештајот за напредокот на Комисијата за проширување на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата