Ахмети се сретна со германската амбасадорка Штајнакер

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска оствари проштална средба со германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер.

На средбата, како што информира ДУИ, Ахмети ја поздравил денешната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник која, како што се наведува, ја истакнала поддршката на Германија за потребата за решавање на прашањето за името и пронаоѓање компромис со нашиот јужен сосед.

– Токму посветеноста на Германија и другите земји од ЕУ во соработка со Вашингтон, кон постигнувањето на компромис е од клучно значење за решавање на трајниот спор меѓу Македонија и Грција, истакнал Ахмети на средбата.

Соговорниците изразиле загриженост за протестите на кои беше манифестирано насилство.

Ахмети упатил честитка за победата на Германија на Светското првенство во Бразил.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански